Штом си тука, веројатно те копка: што е потребно за да почнеш со пишување на verzija.mk? Таа љубопитност дека имаш нешто вредно за кажување е првиот чекор. Тоа посебно нè радува!
Како да почнеш со пишување на Верзија? Не ти треба искуство!
Сподели го твоето знаење на Верзија и изгради дигитален авторитет во твојата област! Не ти треба писателско искуство, нашиот уреднички тим е тука за тоа.
А можеби и никогаш досега не си помислил/а да пишуваш?
Можеби зборот „автор“ ти звучи како нешто што не е за тебе - ти едноставно си посветен/а на твојата професија и твоите пасии. Но, еве едно прашање: кога последен пат си зборувал/а за својата стручност, за некое твое истражување или за твоето хоби со такво уживање, што дури си инспирирал/а некого околу тебе?
Имаш уникатна експертиза, знаење и перспектива кои на некој друг можат да му го променат начинот на размислување. Сите оние заклучоци до кои доаѓаш додека работиш и ставовите што ги градиш, тоа е содржината што му недостига на нашиот простор.
Тука се и оние моменти кога си си рекол/а: „Ова што го работам е толку интересно, штета што нема каде да го споделам“, па си се откажал/а само затоа што пишувањето не ти е професија.
Сосема те разбираме.
Блокадата и мислата дека немаш „совршен стил“ е честа кочница. Но, тука е финтата: нас нè интересира твоето знаење, твојата експертиза и твоето искуство. А за средување, структура и уредничка поддршка? Тука е тимот на Верзија, кој ќе ти помогне да заблескаш!
Секојдневно решаваме проблеми на работа, правиме истражувања и наоѓаме решенија. Но, најчесто тие лекции остануваат несподелени. Или во најдобар случај, се сведуваат на муабет на кафе со колегите.
Во дигиталниот свет, квалитетната содржина некако го изгуби својот простор. Се наметна мислењето дека за да напишеш нешто вредно, мора да си писател, новинар или колумнист.
Вистината е далеку од тоа. Најдобрите приказни не доаѓаат од комплицирани фрази и стручни изрази, туку од луѓе кои реално го живеат она за што пишуваат, го разбираат во срж и имаат храброст да го споделат својот став.
Луѓе како тебе.
Добредојде на Верзија!
Прво, ред е и културно, накратко да се претставиме.
Верзија (verzija.mk) е македонска платформа за содржини со суштина. Место каде што нашите експерти, практичари и ентузијасти го преточуваат своето искуство во авторитет.
Кај нас нема алгоритми што бараат масовност, ниту банери што го одвлекуваат вниманието. Има само чист простор за идеи. Ние веруваме дека квалитетните приказни и вредното знаење не доаѓаат само од професионалните автори. Трагаме по моќта на пишаниот збор преку статии со кои секој што има нешто вредно да каже, без разлика на професијата, може да остави трага.
Ако те интересира како започна сè и зошто одлучивме да ја изградиме оваа платформа, прочитај ја нашата лична приказна: Приказната зад Верзија започна со едно мало тефтерче.
„Во ред, сфатив што е Верзија... но, што всушност можам да пишувам јас тука?“
Одлично прашање! За почеток, тргнуваме со четири широки области кои ги опфаќаат клучните столбови на нашето секојдневие. Продолжи да читаш за да откриеш како ти и твоето знаење се вклопувате во нив.
Запознај се со областите

1. Бизнис
Бизнисот не е само статистика, корпоративни извештаи и големи буџети. Тој е динамичен свет полн со одлуки, стратегии и секојдневни предизвици. Или, подобро кажано, пресврти.
Што можеш да пишуваш тука?
Еве една многу битна работа што можеби ти падна на памет и мислиш дека ќе ти биде пречка: не бараме од тебе деловни тајни, ниту именување на клиенти!
Сподели ја твојата перспектива за тоа како менаџираш мал тим, како се справи со специфичен предизвик во твојот оддел, или како изгледа патот на развивање на една сопствена идеја во Македонија. Дали имаш уникатен поглед на твојата бранша или организацијата со времето? Твоето искуство од практиката или од претприемништвото е лекција од која некој друг може да учи!

2. Технологија
Технологијата одамна не е тема само за програмерите - таа го менува начинот на кој живееме, комуницираме и работиме сите ние.
Што можеш да пишуваш тука?
Ако си во ИТ секторот, пиши за некоја нова алатка која што ти го олеснила дневното работење, или за предизвикот да се постави структурата на некој сложен проект.
Ако не си програмер, пиши за тоа како вештачката интелигенција го менува твоето работно место, кои дигитални алатки ти помагаат да останеш продуктивен или каде ја гледаш иднината на автоматизацијата во твојата бранша. Твојот практичен допир со технологијата е она што нè интересира.

3. Наука
Науката не припаѓа само во лабораториите и учебниците. Таа е секаде околу нас, од начинот на кој размислуваме, до откритијата и критичкото набљудување на светот.
Што можеш да пишуваш тука?
Дали си на факултет или неодамна дипломираше/магистрираше и работеше на интересна тема? Сподели го твоето истражување со нас! Дали те фасцинира психологијата на однесувањето, новите откритија во вселената, екологијата, одржливиот развој? Верзија е простор каде научните факти и љубопитноста добиваат глас.

4. Живот
Оваа област, би рекле дека е најшироката и најтоплата. Животот е сè она што ни се случува помеѓу работата, амбициите и обврските. Овде ги сместуваме и личниот развој, менталното и физичкото здравје, навиките и културата.
Што можеш да пишуваш тука?
Како балансираш меѓу кариерата и приватното секојдневие? Кој концепт или книга ти го промени начин на размислување? Сподели искуство за градење на здрави навики, за справување со burnout (прегорување) на работа, или едноставно твоја рефлексија за светот во кој живееме. Ова е област за содржини кои нè прават подобри луѓе.
Области само за Верзија
1. Новости
Овде ќе се објавуваат технички надградби, системски соопштенија и новости поврзани со развојот на платформата, со цел да се одвојат административните информации од содржините на авторите.
Што спаѓа тука?
Информации за нови функционалности на сајтот, промени во интерфејсот, технички подобрувања, известувања за одржување на системот и официјални соопштенија од менаџментот на Верзија. Ова е чист информативен простор за сите новости и промени на самата платформа, овозможувајќи му на тимот да биде во тек со нејзиниот развој без да се меша со креативните категории за пишување.
2. За Верзија
Оваа категорија ги обединува приказната, визијата и луѓето кои стојат зад создавањето и развојот на платформата. Таа нуди простор за подлабок увид во нашите основни вредности, мисијата и тимот кој стои зад идејата за Верзија.
Што спаѓа тука?
Приказни за настанокот на платформата, текстови кои ја објаснуваат нашата визија и мисија, претставување на тимот, водичи и насоки за авторите, како и анализи за развојот на заедницата и културата што ја градиме заедно.
3. Интервјуа
Оваа област е посветена на инспиративни разговори со луѓе кои оставаат сопствен белег и внесуваат позитивни промени во својата област. Преку отворен дијалог, категоријата цели да ги приближи нивните лични приказни и професионални лекции до нашите читатели.
Што спаѓа тука?
Разговори во форма на прашања и одговори (Q&A), авторски и лични профили, разговори за креативниот и професионалниот пат, како и интервјуа со гости и експерти кои споделуваат вредни искуства и знаења.
Еден текст те дели од твојата следна верзија
Овие четири области во иднина ќе се разгрануваат, но засега тука имаш чист простор прв да го кажеш своето. Не ти треба совршен уметнички стил - за техничката и уредничката проверка на текстот е тука тимот на Верзија, кој се грижи твојата приказна и визуелно да заблеска.
Твоето знаење заслужува подобра верзија од статус-кво содржините на социјалните медиуми. Ако имаш нешто вредно за кажување, не чекај - аплицирај за автор и напиши ја твојата прва статија.
Ти треба уште малку време за инспирација? Регистрирај се како читател, следи ја еволуцијата на платформата и направи го чекорот кон автор кога ќе посакаш.
И, не заборавај - растеме заедно со секоја нова верзија!
