Политика за приватност на Верзија
Последно ажурирање: 01.10.2026
1. Вовед
Оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст: Политиката) објаснува како платформата Верзија (verzija.mk) ги собира, користи, чува и штити личните податоци на своите корисници.
Политиката е изготвена во целосна согласност со Закон за заштита на личните податоци, кој е усогласен со Европската Општа уредба за заштита на податоци (GDPR).
Со регистрација или користење на Платформата, Корисникот потврдува дека ја прочитал и ја разбрал оваа Политика.
2. Контролор на збирка на лични податоци
Согласно член 4 став 1 точка 7 од ЗЗЛП, контролор на збирка на лични податоци е:
- Контролор: Верзија
- Контакт за барања за заштита на лични податоци: jana@verzija.mk
Со Верзија моментално управува физичко лице со живеалиште во Република Северна Македонија. Целосните идентификациски податоци на контролорот се даваат на писмено барање до jana@verzija.mk, како и на надлежните органи (АЗЛП, суд) на нивно барање. При регистрација на правно лице, контролорот ќе биде ажуриран и корисниците ќе бидат известени.
Моментално Верзија не е обврзана да назначи Офицер за заштита на лични податоци (DPO), бидејќи не исполнува услови од член 41 на ЗЗЛП (голем обем на систематско следење или обработка на чувствителни податоци). Доколку обемот нараста, ќе назначиме DPO и ќе ве известиме.
3. Кои податоци ги собираме
3.1 Задолжителни податоци
| Податок | Опис |
|---|---|
| Е-адреса | За најава, верификација, известувања и ресетирање на лозинка |
| Лозинка | Се чува исклучиво во енкриптирана (хеш) форма преку Supabase Auth |
| Корисничко име (username) | Јавно видливо, уникатно, 3-20 знаци |
| Полно име (full_name) | Се внесува при поставување на профилот, секогаш јавно видливо |
| Теми за читање | При онбординг за читател: барем една, најмногу четири, од фиксен список (Бизнис, Технологија, Наука, Живот) |
3.2 Опционални информации во профил
| Податок | Опис |
|---|---|
| Биографија (bio) | Краток опис, јавно видлив |
| Профилна фотографија (avatar) | По избор, јавно видлива |
| Социјални линкови | До 6 линкови (Twitter, LinkedIn, лична веб итн.) |
3.3 Податоци од апликација за автор
Само за корисници кои аплицираат за улога author:
- Темите за кои планира да пишува
- Портфолио или линкови до претходни текстови (опционално)
- Одговор зошто сака да пишува на Верзија
- Потврда на дополнителните одредби за автори, со датум и верзија
Овие податоци ги гледаат само администраторите во процесот на ревизија. Апликантот може да побара копија од сопствената апликација согласно точка 7.1.
3.4 Содржина генерирана од корисникот
- Статии (наслов, текст, покривна фотографија)
- Коментари
- Одговори на интервјуа (за лицата кои користат линкови од тип
/i/[token]) - Likes, favorites, follows (интеракции)
Интервју линкот е отворен и за лица без корисничка сметка. Пред испраќањето на одговорите, тоа лице ги прифаќа овие Услови и оваа Политика, а прифаќањето се запишува со датум и верзија. Заедно со одговорите се чува и краткиот опис на соговорникот што го внесува уредништвото (име или функција), бидејќи се објавува како дел од интервјуто.
3.5 Технички податоци
При секое посетување на Платформата, автоматски се процесираат:
- Session cookies преку Supabase Auth (задолжително за функционирање на најавата)
- IP адреса - Верзија ја користи за ограничување на бројот на барања и спречување злоупотреба. Кај најавен корисник наместо IP адресата се користи идентификаторот на сметката. Тој податок се чува кратко, како привремен клуч кај Upstash. Дополнително, IP адресата и User-Agent кратко ги логираат Supabase и Vercel за сигурност
- Performance метрики преку Vercel Speed Insights (анонимизирано, без лични идентификатори)
Само ако ги дозволите во банерот за колачиња, се обработуваат и:
- Податоци за посетата преку Google Analytics, ако ја дозволите аналитиката: кои страници ги отворате, колку долго се задржувате, од каде доаѓате (на пример, пребарувач или објава на социјална мрежа), вид на уред и прелистувач и приближна локација (град и земја). Пред податоците да заминат кон Google, од адресите на страниците се отстрануваат тајните делови од линковите за интервју и кодовите за нова лозинка. Google Analytics не ја чува IP адресата
- Податоци за нашите огласи на Google, ако ги дозволите огласите: дали сте дошле преку наш оглас, како и колаче со кое Google Ads ја поврзува посетата со огласот. Со истата дозвола Google може нашиот оглас да Ви го прикаже повторно
3.6 Податоци што НЕ ги собираме
- Телефонски број
- Адреса на живеење
- Финансиски или податоци за плаќање (Платформата е бесплатна)
- Посебни категории лични податоци (здравје, политички ставови, сексуална ориентација, религија) - освен доколку корисникот сам ги внесе во својата био или статија
4. Правна основа за обработка
Согласно член 10 од ЗЗЛП, ги обработуваме Вашите податоци врз следните правни основи:
| Тип на обработка | Правна основа |
|---|---|
| Креирање и одржување сметка | Извршување на договор (Условите за користење) |
| Испраќање пораки за верификација / ресетирање | Извршување на договор |
| Објавување на статии и профил | Согласност + договор |
| Социјални интеракции (коментари, likes) | Согласност |
| Модерација на содржина | Легитимен интерес (одржување на квалитет и безбедност) |
| Логови за сигурност | Легитимен интерес |
| Анонимни performance метрики | Легитимен интерес |
| Аналитика на посетеноста (Google Analytics) | Согласност, дадена во банерот за колачиња |
| Мерење на нашите огласи и нивно повторно прикажување (Google Ads) | Согласност, дадена во банерот за колачиња |
Согласноста може да биде повлечена во секое време (точка 7.6).
5. Цели на обработка
Вашите податоци ги обработуваме исклучиво за:
- Овозможување регистрација и најава
- Прикажување на јавен профил и содржина
- Редакциски процес (преглед и одобрување на статии и автор апликации)
- Испраќање на трансакциски пораки (верификација, ресетирање на лозинка, одобрување/одбивање на автор апликација, одобрување/одбивање на статија, промена на улога)
- Модерација на коментари и содржина
- Известувања во рамки на Платформата (нов коментар, нов следач, одобрена статија итн.)
- Техничко одржување, сигурност и спречување злоупотреба
- Исполнување на законски обврски
- Мерење на посетеноста и читањето, за да знаеме кои текстови се читаат и од каде доаѓаат читателите (само со Ваша согласност)
- Мерење дали нашите огласи на Google носат читатели и нивно повторно прикажување (само со Ваша согласност за огласи)
НЕ ги користиме податоците за:
- Рекламирање или профилирање за маркетинг без Ваша согласност. Ако ги дозволите огласите во банерот за колачиња, мериме дали нашите огласи на Google носат читатели, а Google може нашиот оглас да Ви го прикаже повторно. На самата Платформа не прикажуваме реклами
- Продажба на трети лица
- Автоматизирано одлучување со правни последици
6. Обработувачи и пренос на податоци
За да ја работи Платформата, користиме услуги од трети страни (processors), на кои им пренесуваме одредени податоци:
| Обработувач | Цел | Локација |
|---|---|---|
| Supabase Inc. | База на податоци, автентикација, чување фајлови | Server: EU (Ирска) |
| Vercel Inc. | Hosting и доставување на веб-страницата, Speed Insights | Глобална CDN мрежа |
| Resend Inc. | Испраќање на трансакциски пораки | САД |
| Upstash Inc. | Ограничување на бројот на барања и привремен кеш на објавена содржина | AWS eu-west-1 (Ирска) |
| Google Ireland Limited, заедно со Google LLC | Аналитика на посетеноста (Google Analytics), мерење и повторно прикажување на нашите огласи (Google Ads), само со Ваша согласност | ЕУ и САД |
Сите обработувачи имаат потпишани договори со стандарди за заштита согласно член 28 од ЗЗЛП.
Со Ваша согласност за аналитика, Google ги користи податоците и во збирна и анонимна форма, заедно со податоците од други сајтови, за споредби по индустрија. Од таквите споредби не може да се препознае ниту Платформата, ниту поединечен корисник. За функциите поврзани со огласи, Google може да ги обработува податоците и како самостоен контролор, според своите правила: policies.google.com/technologies/partner-sites.
6.1 Пренос надвор од РСМ
Некои од обработувачите (особено Vercel, Resend и Google) можат да процесираат податоци надвор од Северна Македонија, вклучувајќи САД. Овие преноси се вршат врз основа на:
- Стандардни договорни клаузули (SCCs) одобрени од Европската комисија
- Рамката за приватност на податоците ЕУ-САД (EU-U.S. Data Privacy Framework), за обработувачите што се сертифицирани според неа (Google LLC)
- Принципи на соодветна заштита согласно член 48 од ЗЗЛП
Со користење на Платформата, се согласувате со овие преноси.
7. Вашите права
Согласно членовите 23-30 од ЗЗЛП, имате следниве права:
7.1 Право на пристап (чл. 24)
Имате право да побарате потврда дали обработуваме ваши податоци и копија од истите.
7.2 Право на корекција (чл. 25)
Имате право да побарате исправка на неточни или дополнување на нецелосни податоци. Поголемиот дел од овие промени можете да ги направите директно во профилните подесувања.
7.3 Право на бришење - „право да се биде заборавен“ (чл. 26)
Имате право да ја избришете вашата сметка и лични податоци во секое време, преку профилните подесувања или со барање на jana@verzija.mk. Бришењето е веднашно и неповратно. Детално во точка 13 од Условите за користење.
7.4 Право на ограничување (чл. 27)
Во одредени ситуации можете да побарате привремено ограничување на обработката.
7.5 Право на преносливост (чл. 29)
Имате право да добиете копија од вашите податоци во структуриран, машински читлив формат (JSON). Барањето се испраќа на jana@verzija.mk и одговараме во рок од 30 дена.
7.6 Право на приговор и повлекување согласност (чл. 30)
Имате право да се спротивставите на обработка заснована на легитимен интерес, или да ја повлечете својата согласност, во секое време. Согласноста за колачињата на Google ја повлекувате преку „Колачиња“ во подножјето на страницата (точка 9).
7.7 Право на жалба до АЗЛП
Доколку сметате дека вашите права се повредени, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП):
- Веб: azlp.mk
- Адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје
7.8 Како да ги остварите правата
Сите барања поднесете ги на jana@verzija.mk. Одговараме во рок од 30 дена од приемот, согласно член 31 од ЗЗЛП.
8. Рок на чување
| Тип на податок | Период на чување |
|---|---|
| Активна корисничка сметка | Додека трае сметката |
| Неактивна сметка | Останува. Верзија засега не анонимизира сметки автоматски поради неактивност |
| Избришана сметка - лични податоци | Се бришат веднаш по потврдено барање |
| Избришана сметка - статии | Остануваат јавни врз основа на лиценцата (точка 9.2 од Условите) |
| Избришани коментари | Се бришат веднаш по бришењето |
| Аудит логови (модерациски акции) | Се чуваат колку што е потребно за правна евиденција |
| Одговори на интервју и записот за прифаќање | Остануваат како дел од интервјуто и објавената статија |
| Логови за испратени пораки (Resend) | 30 дена за техничка дијагностика |
| Податоци во Google Analytics | 14 месеци, потоа Google ги брише |
| Изборот за колачиња | 6 месеци, потоа повторно Ве прашуваме |
Каде што е наведен рок, по неговиот истек податоците се трајно бришат или анонимизираат.
9. Колачиња
Верзија користи два вида колачиња.
Неопходни. Без нив Платформата не работи, па за нив не бараме согласност:
| Колаче | Од кого | Зошто | Трае |
|---|---|---|---|
sb-…-auth-token | Верзија, преку Supabase | Ве држи најавени | До одјава |
verzija_consent | Верзија | Го памети Вашиот избор за колачиња | 6 месеци |
По Ваш избор. Се поставуваат само ако ги дозволите во банерот за колачиња:
| Колаче | Од кого | Зошто | Трае |
|---|---|---|---|
_ga, _ga_… | Google Analytics | Разликување посетители и посети | 2 години |
_gcl_au | Google Ads | Поврзување на клик на наш оглас со посетата | 90 дена |
Додека не изберете, скриптата на Google не се вчитува и кон Google не заминува ништо. Изборот го менувате во секое време преку „Колачиња“ во подножјето на страницата. Ако ја повлечете согласноста, колачињата на Google се бришат.
Изборот се памети во прелистувачот, па на друг уред или прелистувач ќе бидете прашани повторно. Колачињата можете да ги избришете и преку подесувањата на прелистувачот. Ако ги избришете неопходните, ќе бидете одјавени и повторно ќе Ве прашаме за колачињата.
10. Безбедност
Применуваме технички и организациски мерки за заштита на вашите податоци:
- Лозинки се чуваат енкриптирани (bcrypt/argon2 преку Supabase Auth)
- Транспорт е секогаш преку HTTPS (TLS 1.2+)
- Row Level Security (RLS) на базата - секој корисник има пристап само до свои податоци
- Контрола на пристап - само овластени лица (admin/editor) имаат пристап до модерациски алатки
- Audit логови - секоја значајна акција (одобрување на автор, бришење на содржина) се логира
И покрај тоа, не можеме да гарантираме апсолутна безбедност. Во случај на повреда на податоци што води до ризик за вашите права, ќе ве известиме во рок од 72 часа и ќе ја известиме АЗЛП согласно член 37 од ЗЗЛП.
11. Деца под 14 години
Платформата не е наменета за лица под 14 години.
Согласно член 8 од ЗЗЛП, деца под 14 години не можат сами да дадат согласност за обработка на лични податоци. Не прибираме свесно податоци од такви лица.
Доколку родител или старател открие дека дете под 14 години се регистрирало на Верзија, ве молиме да нѐ известите на jana@verzija.mk. Сметката и сите поврзани податоци ќе бидат веднаш избришани.
12. Измени на Политиката
Оваа Политика може да биде ажурирана со тек на време.
При значајна измена (промена на обработувачи, нови цели на обработка, нови категории податоци), при следната најава добивате барање за повторна согласност. Додека не ја дадете, не можете да ја користите Платформата. На истиот екран можете да се одјавите; сметката останува и согласноста може да се даде подоцна.
Доколку не се согласувате со новата Политика, имате право да побарате бришење на сметката преку jana@verzija.mk, согласно точка 13 од Условите за користење.
За помали технички или редакциски измени, промена на датумот „Последно ажурирање“ е доволна.
13. Контакт за прашања за приватност
За сите прашања, забелешки или барања во врска со оваа Политика или со обработката на вашите лични податоци:
- Е-адреса: jana@verzija.mk
- Контролор: Верзија - целосните идентификациски податоци се даваат на барање, согласно точка 2
Одговараме во рок од 30 дена од приемот на барањето.
За жалби кои сметате дека не се соодветно решени, имате право да се обратите на:
Агенција за заштита на личните податоци (АЗЛП)
- Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје
- azlp.mk
Документот е изготвен на македонски јазик. Во случај на превод, верзијата на македонски има предност.