Услови за користење на Верзија
Последно ажурирање: 01.10.2026
1. Општи одредби
Овие Услови за користење (во понатамошниот текст: Условите) ја уредуваат употребата на платформата Верзија, достапна на интернет адресата verzija.mk (во понатамошниот текст: Платформата).
Со користење на Платформата, секој корисник изјавува дека ги прочитал, разбрал и во целост ги прифаќа овие Услови. Доколку не се согласуваш со било која одредба, немаш право да ја користиш Платформата.
Условите се изготвени согласно:
- Закон за облигационите односи на Република Северна Македонија
- Закон за заштита на потрошувачите
- Закон за електронска трговија
- Закон за заштита на личните податоци (Сл. весник 42/20)
- Закон за авторското право и сродните права
2. Идентификација на давателот на услугата
Согласно член 7 од Законот за електронска трговија, Платформата Верзија ја управува:
- Оператор: Верзија
- Контакт за правни и приватност барања: jana@verzija.mk
- Општ контакт: jana@verzija.mk
Напомена: Со Верзија моментално управува физичко лице со живеалиште во Република Северна Македонија, кое не е регистрирано како правно лице. Целосните идентификациски податоци на операторот се даваат на писмено барање до jana@verzija.mk, како и на надлежните органи на нивно барање. При регистрација на правен субјект, овие информации ќе бидат ажурирани и сите корисници ќе бидат известени.
3. Дефиниции
- Корисник - секое физичко лице што ја користи Платформата, без оглед дали има регистрирана корисничка сметка.
- Читател - Корисник со улога
readerкој чита содржина, коментира, зачувува статии и следи автори. - Автор - Корисник со улога
authorкој добил одобрение од Верзија да објавува статии. - Уредник - Корисник со улога
editorкој врши редакциска ревизија на содржините. - Администратор - Корисник со улога
adminсо целосни овластувања над Платформата. - Содржина - статии, коментари, профил информации, фотографии, одговори на интервјуа и секој друг материјал што Корисникот го создава или испраќа преку Платформата.
- Редакциски процес - процесот на преглед на статиите пред објава (
draft → pending → published / rejected / revision_requested).
4. Предмет на услугата
Верзија е издавачка платформа за читање и објавување статии во форма на уреднички куриран медиум. Платформата не е отворена за објавување - само корисници кои поминале во процесот на апликација и одобрување можат да објавуваат статии.
Услугата е бесплатна. Не се наплатува ниту пристап до содржината, ниту објава на статии.
Верзија го задржува правото да воведе платени функционалности во иднина, по соодветно известување и нови услови.
5. Регистрација и кориснички сметки
5.1 Минимална возраст
Платформата е достапна само за лица на возраст од 14 години и повеќе, согласно член 8 од Законот за заштита на личните податоци.
Лицата под 14 години немаат право да се регистрираат на Платформата. Доколку Верзија дознае дека корисничка сметка припаѓа на лице под 14 години, сметката ќе биде веднаш деактивирана.
5.2 Точност на информациите
Корисникот е должен при регистрација да даде точни, потполни и ажурни информации (е-адреса, корисничко име, полно име). Внесувањето лажни информации може да резултира со суспензија или бришење на сметката.
5.3 Една сметка по лице
Секое физичко лице има право на една корисничка сметка. Создавање на повеќе сметки за заобиколување на модерациски мерки или за манипулација со интеракции (likes, follows, коментари) е забрането.
5.4 Безбедност на сметката
Корисникот е одговорен за безбедноста на својата лозинка и за сите активности што се случуваат преку неговата сметка. Во случај на неовластен пристап, Корисникот мора веднаш да ја извести Верзија на jana@verzija.mk.
6. Улоги и нивоа на пристап
| Улога | Опис | Како се добива |
|---|---|---|
reader | Основна улога. Може да чита, коментира, следи, зачувува. | Автоматски при регистрација. |
author | Може да создава статии и да ги испраќа на преглед. | Преку апликација и одобрение од уредничкиот тим. |
editor | Врши редакциска ревизија на статии. | Назначено од администрација. |
admin | Целосни овластувања. | Назначено од администрација. |
Верзија го задржува правото во секој момент да ги менува, оттргне или додели улогите, врз основа на однесувањето на Корисникот или одлуки на уредничкиот тим.
7. Автор статус и апликација
7.1 Начин на станување автор
Верзија не е отворена платформа за објавување. За да стане автор, Корисникот мора:
- Да пополни апликација преку
/dashboard/author/apply - Да достави информации за: темите за кои планира да пишува, портфолио или линкови до претходни текстови (опционално), и одговор зошто сака да пишува на Верзија
- Да ги потврди дополнителните одредби за автори (лиценцата од точка 9.2, уредничката интервенција од точка 8.2 и гаранциите од точка 9.3)
- Апликацијата да биде прегледана и одобрена од уредничкиот тим
7.2 Дискрециско право на одбивање
Верзија го задржува апсолутното дискрециско право да одбие апликација или да повлече одобрен автор статус, без обврска за објаснување, освен во случаи кога законот бара образложение.
8. Редакциски процес и уредничка интервенција
8.1 Процес на објава
Секоја статија на авторите минува низ следниот процес:
draft (нацрт) → pending (на преглед) → published (објавено)
→ rejected (отфрлено)
→ revision_requested (бара поправка)
8.2 Уредничко право
Верзија го задржува правото на уредувачка интервенција за стил, правопис, граматика, форматирање и усогласеност со редакциските стандарди, без да ја менува суштината, ставот или мислењето на авторот.
Ако уредникот смета дека е потребна суштинска промена, тоа ќе се направи само со согласност на авторот преку revision_requested процесот.
8.3 Причини за отфрлање
Верзија може да отфрли статија, без ограничувања, кога:
- Содржината не ги исполнува редакциските стандарди
- Содржината содржи фактички грешки што не можат да бидат коригирани
- Постои сомнение за плагијат или повреда на авторски права
- Содржината е навредлива, дискриминаторска или незаконска
- Содржината промовира штетна или опасна активност
9. Интелектуална сопственост врз статиите
9.1 Авторот ги задржува сите права
Авторот останува единствен носител на сите авторски и сродни права врз статиите што ги објавува на Верзија. Верзија не станува сопственик на содржината.
9.2 Лиценца на Верзија
Со објава на статија, Авторот на Верзија ѝ дава неексклузивна, бесплатна, територијално неограничена лиценца за:
- Објавување на статијата на Платформата
- Промовирање на статијата (социјални мрежи, newsletter, внатрешни препораки)
- Уредничка интервенција согласно точка 8.2
- Архивирање и чување како дел од уреднички архив
- Приказ на статијата заедно со името и профилот на авторот
Лиценцата трае додека статијата е објавена на Платформата. При бришење на сметката, лиценцата се регулира согласно точка 13.
9.3 Гаранции на авторот
Со објава на статија, Авторот гарантира дека:
- Статијата е негово оригинално дело
- Не ги повредува авторските права, правата на интелектуална сопственост или други права на трети лица
- Има право и овластување да ја додели лиценцата од точка 9.2
- Статијата не содржи клеветнички, навредливи или незаконски содржини
- Сите цитати, фотографии и други туѓи материјали се соодветно атрибуирани и користени согласно закон
Доколку се установи повреда, Авторот е лично и целосно одговорен за сите правни последици и за надомест на штета спрема трети лица и Верзија.
9.4 Право на авторот да објавува на друго место
Авторот задржува право да го објавува истиот текст и на други места (свој блог, други платформи, печатени изданија), без обврска за известување на Верзија.
10. Коментари
10.1 Право на коментирање
Регистрирани Корисници имаат право да коментираат објавени статии.
10.2 Правила за коментари
Забрането е објавување коментари што:
- Содржат навреда, говор на омраза, дискриминација
- Содржат закани или поттикнуваат насилство
- Содржат клевети или лажни тврдења
- Содржат спам, рекламни пораки или линкови до малициозни сајтови
- Откриваат лични податоци на трети лица без нивна согласност
10.3 Модерација
Корисникот што го напишал коментарот може во секое време да го избрише. Бришењето е трајно и не може да се врати. Со бришење на коментар се бришат и сите одговори на него.
Верзија може во секое време да отстрани кој било коментар без претходно известување, доколку смета дека ги повредува правилата или Условите.
11. Забрането однесување
Корисникот се обврзува дека нема да:
- Користи ботови, скрипти или автоматизирани алатки за интеракција со Платформата
- Се обидува да добие неовластен пристап до делови од системот
- Ги прекршува или заобиколува техничките мерки за заштита
- Објавува малициозен код, вируси или штетни скрипти
- Собира податоци за други корисници (scraping, data harvesting)
- Се преправа дека е друго лице (impersonation)
- Користи Платформата за комерцијални цели без одобрение (вклучувајќи реклами, афилијатни линкови, спонзорирана содржина без најава)
Прекршувањето на овие правила може да резултира со веднашна суспензија или бришење на сметката, без известување.
12. Одговорност за содржината
12.1 Авторот е одговорен
Авторот е единствено и лично одговорен за содржината што ја објавува. Верзија ја објавува содржината, но не гарантира нејзина точност, потполност или применливост за какви било цели.
12.2 Верзија не дава стручен совет
Содржината на Платформата - вклучувајќи статии на теми како здравје, финансии, право, психологија, технологија - не претставува стручен совет и не е замена за консултација со квалификуван стручњак. Читателот одлучува на своја одговорност како ќе ги користи информациите.
12.3 Ограничување на одговорност
Во максимална мера дозволена со закон, Верзија не одговара за:
- Индиректна, случајна или последична штета од користење на Платформата
- Штета од содржина на трети лица (коментари, статии на други автори)
- Прекин на достапност на Платформата, технички грешки или губиток на податоци
- Штета предизвикана од трети сервиси (Supabase, Vercel, Resend) надвор од разумна контрола на Верзија
Ова ограничување не се однесува на штета предизвикана од намерно или грубо негрижно постапување на Верзија, ниту на права што законот изречно ги гарантира на потрошувачите.
13. Бришење на сметка
13.1 Право на корисникот
Секој Корисник има право во секое време да ја избрише својата сметка преку функцијата во профилните подесувања, или да побара бришење преку jana@verzija.mk.
13.2 Што се брише
При бришење на сметка, Верзија трајно ги брише:
- Е-адресата и лозинката
- Биографијата (bio)
- Аватар фотографијата
- Социјалните линкови
- Темите за читање и одговорите од онбордингот
- Приватните податоци од апликацијата за автор
- Notifications, favorites, следења (follows), likes
- Необјавените текстови (нацрти, одбиени, вратени за промени)
13.3 Што останува
Следниве податоци остануваат на Платформата, врз основа на претходно дадената лиценца (точка 9.2):
- Објавените статии
- Коментарите (освен ако Корисникот конкретно бара нивно бришење)
- Текстовите испратени на рецензија, за да може уредништвото да ја заврши започнатата постапка
13.4 Авторското име по бришењето
Објавените статии и коментарите остануваат потпишани со анонимна ознака од видот „Корисник 12“, без врска со поранешниот идентитет на Корисникот. Оригиналното име, корисничкото име и фотографијата се отстрануваат од сите места каде се појавувале, а профилната страница престанува да постои.
Бројот во ознаката служи само за да се разликуваат различни избришани сметки во иста дискусија. Тој не открива ништо за идентитетот и не може да се доведе во врска со поранешниот корисник.
13.5 Бришење од страна на Верзија
Верзија може да суспендира или избрише сметка без претходно известување, доколку:
- Корисникот ги прекршил овие Услови
- Сметката е користена за нелегални активности
- Постои правна обврска за бришење
14. Приватност и лични податоци
Обработката на лични податоци е уредена со посебна Политика за приватност, достапна на /legal/privacy. Со прифаќање на овие Услови, Корисникот потврдува дека ја прочитал и разбрал Политиката за приватност.
15. Измени на Условите
Верзија го задржува правото да ги менува овие Услови.
При значајна измена, Корисникот при следната најава добива барање за повторна согласност. Додека не ја даде, не може да ја користи Платформата. На истиот екран може да се одјави; сметката останува и согласноста може да се даде подоцна.
Доколку Корисникот не се согласува со новите Услови, има право да побара бришење на сметката преку jana@verzija.mk, согласно точка 13.
За помали технички или редакциски измени, промена на датумот „Последно ажурирање“ е доволна.
16. Применливо право и надлежност
Овие Услови се регулирани според законите на Република Северна Македонија.
За сите спорови кои произлегуваат од или во врска со овие Услови и користењето на Платформата, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје, освен ако законот не предвидува друга исклучива надлежност (пр. потрошувачки спорови согласно Закон за заштита на потрошувачите).
17. Завршни одредби
- Доколку било која одредба од овие Услови се прогласи за ништовна или неприменлива, останатите одредби остануваат во сила.
- Пропуст на Верзија да го оствари некое право од овие Услови не значи откажување од тоа право.
- Овие Услови претставуваат целосен договор меѓу Корисникот и Верзија во врска со користењето на Платформата.
18. Контакт
За сите прашања, забелешки или правни барања во врска со овие Услови:
- Е-адреса: jana@verzija.mk
- Оператор: Верзија - целосните идентификациски податоци се даваат на барање, согласно точка 2
Документот е изготвен на македонски јазик. Во случај на превод, верзијата на македонски има предност.